Непријатен инцидент им се случи на познатиот албански музички пар, Адри и Илиријана, откако за време на нивниот престој во Македонија им беше украден автомобилот, објави Tetovanews.
Двајцата пејачи преку социјалните мрежи побараа помош од своите следбеници за да се пронајде возилото.
„Ги замолив Албанците од Македонија да ни помогнат да го пронајдеме автомобилот, откако случајот веќе го пријавивме во надлежните институции“, напиша Адри во својата објава, при што остави и контакт телефон за сите кои имаат каква било информација.
Познатиот музички пар се венча во октомври минатата година, по неколкугодишна врска.
По официјалното соопштение на Министерството за внатрешни работи за кражба на возило во селото Желино, Тетовско, објавувени се фотографии од украдениот автомобил со цел да помогнат во неговото побрзо идентификување и пронаоѓање.
Станува збор за „Ауди А6“ со косовски регистарски таблички 05-601-GN, кое било украдено од паркинг во близина на хотел покрај регионалниот пат Скопје–Тетово. Според пријавата, возилото било со отклучени врати и вклучен мотор, а во внатрешноста се наоѓале и личните документи на сопственикот и неговата сопруга.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на возилото и целосно расветлување на случајот.

