1 December, 2025

ТРОЈЦА МАКЕДОНЦИ ОД СТРАНСТВО, СЕ ВРАТИЛЕ НАЗАД ВО МАКЕДОНИЈА: Ѓорчев им посака добредојде

Влатко Ѓорчев, на социјалните мрежи објави фотографија со тројца македонски граѓани кои живееле и работеле во странство.

„Се вратија во Македонија!! 

Моника и Кристијан Томашевски се вратија да живеат во Македонија од Холандија, а Ина Најдановиќ Марковиќ се врати после 15 години од САД. Добродојдовте дома!!““, објави тој.

Последните години сè повеќе млади ги напуштаат земјата во потрага по подобри услови за работа, повисоки плати и постабилен животен стандард. Иако секое враќање претставува охрабрувачки сигнал, експертите предупредуваат дека државата мора да продолжи да креира политики што ќе ги задржат младите дома и ќе ги мотивираат да ја градат својата иднина токму во Македонија.