14 February, 2026

Трипати повеќе гости од дозволеното: 100 евра казна за локалот во Кавадарци каде настапуваше Аца Лукас

Локалот во Кавадарци во кој на 22 ноември настапуваше српскиот пејач Аца Лукас е казнет со парична глоба од 100 евра, како микро трговец, поради присуство на трипати повеќе гости од дозволениот број, објави СДК.мк

Иста казна од 100 евра добило и одговорното лице, откако инспекциската контрола на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) утврдила надминување на дозволениот капацитет на објектот. Од ДПИ потврдија дека прекршочните платни налози се издадени согласно Законот за угостителска дејност и се платени во законскиот

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, тогаш изјави дека во локал регистриран за 200 лица имало околу 700 гости, нагласувајќи дека „безбедноста е на прво место“ и дека нема да се дозволи повторување на трагични сценарија.

Дополнително, од ДПИ информирале дека за истиот објект е изречена и платена казна по Законот за заштита од пушење, додека Аца Лукас беше казнет со 50 евра поради работа без соодветна дозвола.