Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп отповикува околу 30 дипломати од амбасадорски и други дипломатски позиции, меѓу кои и амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер. Потегот е дел од реорганизација на дипломатските мисии во согласност со политиката „Америка на прво место“.
Шефовите на мисии во најмалку 29 земји биле известени дека нивните мандати завршуваат во јануари. Засегнатите дипломати нема да ги изгубат работните места во надворешната служба и ќе бидат прераспоредени во Вашингтон.
Сите повлечени амбасадори биле назначени за време на администрацијата на Џо Бајден. Од Стејт департментот наведуваат дека станува збор за стандарден процес при промена на администрација.
Во Европа се повлекуваат амбасадорите во Македонија, Ерменија, Црна Гора и Словачка, додека најголем број промени има во Африка и Азија.

