Извештајот од Институтот за патологија за бебето кое почина на ГАК ќе биде готов до петок. Со него ќе се утврди причината за смртта и дали се работи за лекарска грешка.
Во меѓувреме, лекарката која работела со бебето е привремено отстранета од работа додека трае постапката.
Министерот за здравство, Азир Алиу, вчера нареди вонреден инспекциски и стручен надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со случајот на Клиниката за гинекологија и акушерство.

