Коментарите на „Јутјуб“ за време на поткастот „Тешки муабети“ биле предзнак за инцидентот што подоцна се случи во студиото.
Лицето Горан Спасов, пациент во психијатриската болница во Бардовци, претходно јавно ги изнесувал своите ставови, на што водителот Александар Митовски-Мечка реагирал со остар и навредлив тон.
Кратко пред полноќ, по упадот во студиото, директниот пренос на поткастот беше прекинат. Десетина минути подоцна, уредникот на „Инфомакс“, Александар Митовски, повторно се појави во живо и соопшти дека непознато лице насилно влегло во просториите со намера да го нападне, наводно поради навреди кон премиерот. Тој информираше дека е повикана полицијата и дека против напаѓачот ќе биде поднесена кривична пријава.

