1 December, 2025

Таткото на Вања ослободен од вина, обвинителството се жали – Туфегџиќ: Сами кажаа дека немаат докази

Адвокатот Владимир Туфегџиќ денеска потврди дека Јавното обвинителство, во последниот ден од жалбениот рок и непосредно пред крајот на работното време, поднело жалба со која бара укинување на ослободителната пресуда за неговиот клиент Александар Ѓорчевски.

Туфегџиќ најави дека ќе поднесе одговор на жалбата и ќе побара јавна седница пред Жалбениот совет на Апелациониот суд, очекувајќи дека второстепениот суд ќе ја потврди ослободителната одлука. 

„Ќе барам јавна седница на жалбениот совет и очекувам судот да ја потврди ослободителната пресуда токму врз основа на наводите на застапникот на обвинението во завршниот збор, во кој кажа — цитирам — ‘ако не прашате дали имаме докази против Александар – немаме“, истакна Туфегџиќ.

Александар Ѓорчевски беше обвинет, а потоа и ослободен од вина во случајот за убиството на неговата ќерка Вања Ѓорчевска. Обвинението го товареше дека комуницирал со Љупчо Палевски и наводно му давал информации, но судот оцени дека нема докази кои ја поткрепуваат таа теза.

Со поднесената жалба започнува второстепената постапка во која Апелациониот суд ќе ја преиспитува првостепената одлука