Во селото Добровница, Крива Паланка, ескалира „кравјата криза“ откако сопственичката Ј. Ѓ влегла во конфликт со локалните земјоделци поради стотици крави кои уништиле околу 25.000 килограми зелка. Кравите со години слободно се движат низ селото и околните места, а мештаните одамна се соочуваат со вакви проблеми.
Во обид да го спречат понатамошното уништување на посевите, земјоделците ги затвориле кравите, по што сопственичката насилно се обидела да ги однесе назад. Тоа довело до жесток вербален и физички инцидент.
Читателка ни испрати порака за проблемот со кравите во Крива Паланка:
„Еве како кравите создаваат проблеми на земјоделците во Крива Паланка, а сопствениците се вклучија во конфликти“.
Градоначалникот предупредува дека слободното движење на голем број крави претставува сериозна закана за сообраќајот, особено на меѓународниот пат кон Бугарија, но сопствениците сè уште не реагираат.

