Три бракоразводни постапки воделе сопружниците Стојанче Јовановски и Ивана, која со години била жртва на семејно насилство, а животот го заврши со пад од балкон со својата ќерка во раце, покажуваат податоците кои „Слободен печат“ ги доби од Граѓанскиот суд.
Во првата постапка разводот го иницирала Ивана, но ја повлекла тужбата, а другите две постапки не биле затворени.
Последно развод барал сопругот насилник. Освен бракоразводните постапки, сопругот насилник водел и два предмети во кои тужел и барал надомест на штета.

