14 February, 2026

Со „џип“ му пресекол пат, па му извадил пиштол – Драма во скопско село

Маж со „џип“ му пресекол пат, па му се заканувал со оружје. Драма во скопско село се случила вчера претпладне. 

– На 29.01.2026 околу 15:00 часот во СВР Скопје, Н.М.(43) од с. Долно Свиларе, скопско, пријави дека околу 11:15 часот во село Долно Свиларе, додека се движел со патничко возило, му бил пресечен патот од возило „џип“, управувано од Р.Н., кој излегол од возилото и му се заканувал со пиштол на пријавителот, соопштија од МВР за инцидентот. 

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.