14 February, 2026

Сопственичката на швајцарскиот бар бегала со касата додека луѓето гореле?

Се појавија нови информации за трагичниот пожар во Кран-Монтана, каде во новогодишната ноќ во клубот „Ле Констелацион“ загинаа 40 лица, претежно млади. Италијанскиот весник Ла Република објави дека надзорните камери наводно ја снимиле сопственичката Џесика Морети како го напушта клубот држејќи ја касата со пари.

Според сведоштва и снимки кои ги анализира полицијата, Морети излегла од објектот со касата во рацете, додека во внатрешноста избувнувал пожар и гостите се обидувале да се спасат. Во исто време, нејзиниот син, кој бил дел од раководството, наводно се обидувал да ослободи заробени лица.

Доколку се потврди автентичноста на снимките, тоа сериозно би ја влошило правната позиција на сопственичката. Таа и нејзиниот сопруг, сосопственик на клубот, се под истрага за убиство од небрежност, предизвикување пожар и нанесување повреди, а Морети би можела да се соочи и со обвинение за недавање помош.

Истрагата продолжува со анализа на дополнителни видеоснимки, а обвинителството не ја исклучува можноста за проширување и заострување на обвиненијата