Скопјани ќе добијан нов православен храм кој ќе го носи името на Светиот Великомаченик Димитриј. Темелите беа удрени денеска, токмну на денот кога се чевствува овој голем светец.

– На овој голем ден, посветен на Светиот Великомаченик Димитриј, со особена духовна радост започна изградбата на нов Божји храм во Потстаница, кој ќе го носи името на светиот заштитник. Скопје и Македонија се благословени со бројни цркви и манастири кои ја чуваат верата и традицијата на нашиот народ, објави денеска новоизбраниот градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

– Овој храм ќе биде уште едно свето место каде верниците ќе се собираат на молитва, со љубов кон Бога и заедништво, додаде Ѓорѓиевски кој денеска беше меѓу верниците и свештените лица кои го осветија поставувањето на темелите на новиот верски објект.

