Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера додели признанија за најдобар пожарникар, полицаец и крводарител на град Скопје за 2025 година.
На социјалните мрежи реагира Кристина Цоковска, која тврди дека добитникот на признанието за најдобар пожарникар, Игор Станишев, лани ја прегазил со автомобил со 2,1 промили алкохол во крвта.
„Не можам да поверувам дека човек кој треба да спасува животи истовремено ги загрозува. Вредностите што ги носат пожарникарите важат ли само од 9 до 5?“, напиша Цоковска, нагласувајќи дека не ја оспорува професионалноста на Станишев, но е шокирана од признанието што му беше доделено.
Според полицијата, Станишев го управувал возилото со 2.1 г/кг алкохол во крв и 1.3 г/кг алкохол во урина, предизвикувајќи опасност во сообраќајот.

