15 February, 2026

Скопјани должат 36 милиони евра за даноци – Градот ги повикува да платат

Според евиденцијата на Секторот за даноци на имот и Комунални такси, за периодот од 2020 до 2025 година, по основ на даноци и такси, граѓаните и компаниите, имаат долг кон Градот Скопје во износ од преку 36 милиони евра.

Се повикува сите даночни и таксени обврзници (правни и физички лица) кои немаат платено данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок и комунална такса-фирмарина, да ги подмират своите даночни обврски во најкраток временски рок.

Увид во долгот, преземање на даночните и таксените Решенија, како и електронска уплата на долгот може да се направи преку електронската платформа на Град Скопје: https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml.

За сите прашања граѓаните може да се јават на следните телефонски броеви:

за данок на имот: 072/204-434 и 02/3207-546 како и е-маил адресите: anitan@skopje.gov.mk, nuredin.nuredin@skopje.gov.mk,
за данок на промет, наследство и подарок: : 02/3297-298 и 02/3297-296 како и е-маил адресата: biljana.manakoska@skopje.gov.mk,
за комунална такса-фирмарина: 02/3297-314 како и е-маил адресата: angelina.gievska@skopje.gov.mk, и
за даночно сметководство: 02/3297-298 и 02/3297-296, како и на е-маил адресата: katerina.donev@skopje.gov.mk.

Даночниот долг може да се плати и преку Даночните шалтери на Град Скопје, кои стојат на располагање секој работен ден од 8 до 19 часот, како и во сабота на 13.12.2025 година, соопшти Град Скопје.