Жители на зграда на улицата „Балзакова“ во скопската населба Кисела Вода се жалат на необичен проблем – системот за вентилација во новата зграда секојдневно ширејќи интензивен мирис на марихуана, пишува „4Њуз.мк“.
Станарите велат дека проблемот се влошил со доаѓањето на зимата и студот, а миризбата е присутна речиси постојано, правејќи го животот неподнослив. Тие претпоставуваат дека изворот е еден од нивните комшии, кој пуши во својата кујна под аспиратор, а миризбата се шири низ сите станови преку заедничкиот вентилациски канал на зградата.
„Не можеме да седиме во дневна или кујна. Мирисот е толку јак што имаме чувство дека некој пуши џоинт до нас. Влегува директно преку цевките од аспираторите и се шири низ становите. Ова е малтретирање“, велат станарите.
Неможноста да откријат кој комшија е извор на миризбата ги спречува да пријават во полиција. „Не сакаме да бидеме кодоши, но ова веќе не се издржува. Ако не престане веднаш, немаме друг избор освен да повикаме полиција да изврши претрес таму каде што се сомневаме“, додаваат тие.

