Од 1 јануари 2026 системот Сејф сити официјално ќе ги “лови” сообраќајните прекршоци, но еден месец претходно или од декември годинава ќе има тест период.
Возачите, но и пешаците го очекуваат „Сејф сити“, кога сообраќајните прекршоци ќе бидат документирани со безбедносните камери, а казните ќе стигнуваат на домашна адреса. На почетокот проектот ќе биде имплементиран во Скопје и уште два други градови, а кон средината на 2026 и на територија на цела држава.
Твитерџија смета дека ова ќе биде одлична работа, но смета дека, на некој начин, мора да има и награди за совесните возачи.
Ова е неговата објава:
– Ова поставувањето на камерите низ градов ќе биде одлична работа ако се казнуваат сите што ќе направат прекршок, ама добро би било и на пример ако не направиш цела година ниеден прекршок да добиеш награда нешто како 30% пониска регистрација или бесплатен паркинг секаде низ Скопје.


