16 December, 2025

„Сејф Сити“ меша букви, СМС-казни стигнуваат и кога не сте возеле, се жалат граѓани

Граѓаните реагираат на социјалните мрежи поради, како што тврдат, сомнителни казни од „Сејф Сити“.

На Инстаграм и Фејсбук се споделуваат искуства дека камерите ги мешале буквите „В“ и „О“ на регистарските таблички, по што некои возачи добиле СМС-известувања за прекршок иако, како што велат, воопшто не управувале возило тој ден.

Дел од корисниците бараат институциите итно да реагираат и да ја проверат точноста на системот, додека други предупредуваат дека ваквите грешки ја нарушуваат довербата во автоматската контрола на сообраќајот.