Вистинска драма се одвивала утринава пред Клиничката болница во Штип, кога свлечиште од земја урна дел од потпорниот ѕид врз паркирани возила. Меѓу оштетените е и автомобилот на Ката Крстевска од Велес, која за влакно избегнала повреда.
„Само што го паркиравме возилото и тргнавме нагоре кон болницата, слушнавме силна врева. Кога се свртевме – страшно! Среќа е што сме живи и здрави, лимот ќе се поправи“, изјави Крстевска, која во Штип дошла на медицински преглед, додека солзи ѝ се спуштаа низ лицето.
Под урнатините завршија две возила – едно со велешки, а друго со скопски регистерски таблички.

