ЈП Водовод и канализација информираат дека денеска (16.12.2025) поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева и дел од улиците Женевска и Васил Чакаларов.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Од РЦУК Скопје информираат дека од ЕВН Македонија АД добиле известување дека денеска (16.12.2025) без електрична енергија ќе останат повеќе делови од Скопје и скопско.
– Од 08:20 – 14:20 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од село Марино (Општина Илинден);
– Од 09:00 – 15:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на улица Козле, крак 2 (Општина Карпош);
– Од 10:00 – 13:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците: 1511 и 1512 (позади Автосервисот – Мечкаров – Општина Кисела Вода);
– Од 11:00 – 14:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од улицата Коце Металец (Општина Гази Баба).

