Саит Саитов, кој прегази жена во Скопје, е уапсен во Белград и ќе биде екстрадиран во Македонија, соопшти МВР.
Тој се бараше со меѓународна потерница за тешка сообраќајна несреќа на 9 јануари 2026 година и се сомничи за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување помош на повредено лице“.
Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ изјави дека роднините на Саитов не знаеле за неговото дело и дека нивното патување за Србија било редовно, со цел набавка на лекарства за дете со посебни потреби.
Според него, роднините не учествувале во кривичното дело, а двајцата ќе бидат екстрадирани и изведени пред македонските органи за правна постапка.

