14 February, 2026

Рана што не зараснува: Јана Стојановска го „оживеа“ споменот за татко ѝ Ненад – не сум ни сигурна дали постоел од што беше посебен

Познатата актерка Јана Стојановска, сестра на актерката Ана Стојановска, прерано го загубила својот татко – истакнатиот македонски актер Ненад Стојановски, кога имала само 13 години.

Таа на социјалната мрежа Фејсбук сподели фотографија од својот татко, со што повторно го оживеа споменот за него. Ненад Стојановски важеше за еден од најомилените и најпочитуваните актери на македонската јавна сцена, но и пошироко.

Ненад Стојановски почина во Скопје на 14 јули 1998 година, на 46-годишна возраст.

Тој беше сопруг на актерката Силвија Стојановска и татко на Јана и Ана Стојановска.

Во неодамнешно интервју за „Слободен печат“, Јана Стојановска зборуваше за својот татко, опишувајќи го со длабоки емоции:

„Мојот татко Ненад е како некој суперхерој од филм од некое друго време… Понекогаш не сум ни сигурна дали постоел, толку беше посебен. Ден-денес луѓето зборуваат со жар за него и не сум сретнала некој за кого се зборува со толкаво воодушевување и леснотија, и од мажи и од жени.

Сѐ уште не ми е јасно зошто таа лекција мораше да дојде така, но се надевам дека еден ден ќе ми стане појасно. Она што со текот на времето сè посилно го чувствувам е колку сум негова, генетски пред сè. Од него го наследив тој талент, кој верувам дека ќе се пренесе и на следните генерации“, изјави Јана Стојановска.