15 February, 2026

Прегазена жена кај „Зебра“: Возачот побегна, жртвата почина

Возач во Скопје со голема брзина удрил во човек, па избегал од местото на несреќата. Инцидентот се случил на улицата „Народен фронт“, блиску до трговскиот центар „Зебра“.

„Сообраќајната несреќа се случила на место каде нема пешачки премин, но пешаците честопати ја поминуваат оваа улица токму на тоа место,“ пишува Независен.

На улицата има скршен ретровизор и помали пластични делови од автомобил, а сè уште се видливи остатоци од крв.

Жената која предпладнево беше прегазена близу трговскиот центар „Зебра“ во Скопје попладнево почина, соопштија од Ургентниот центар.