Десетгодишно дете утринава го загубило животот во Тетово, информираат од СВР Тетово. Според првичните информации, причината за смртта е пад од балкон од станот во кој живеело.
Момчето трагично го загубило животот откако паднало од балконот на стан на „Индустриска“ улица.
Според првичните информации, детето паднало од значителна висина, а повредите биле фатални. Медицинските екипи веднаш пристигнале на местото на настанот, но успеале само да констатираат смрт.
Полицијата и обвинителството се на терен за да спроведат истраги и да ги разјаснат сите околности за тоа како се случила оваа фатална несреќа.

