Навивачката група на фудбалскиот клуб Вардар, „Комити Скопје“ го извести целокупното членство, како и сите навивачи и симпатизери на клубот, дека во вторникот, 6 јануари, почина нивниот член Никола Јорданоски – Чичо Коле.
Никола Јорданоски – Чичо Коле ќе биде запаметен по неговата чиста љубов кон Вардар и западната трибина:
– Не постои утеха која што може да ја смири нашата болка што ја чувствуваме во моментов. Чичо Коле ќе биде запаметен по неговата чиста љубов кон Вардар и западната трибина, многуте заеднички приказни на западната трибина и еден од иницијаторите за братството со Војводи.
Упатуваме сочувство до семејството и до најблиските.
Никола Јорданоски – Чичо Коле. Засекогаш дел од нас! – стои во објавата на Комити Скопје.

