Силното невреме проследено со обилни врнежи од дожд предизвика катастрофални штети во струмичкиот регион.
Најкритична е состојбата во селото Костурино, на локацијата позната како „Шепово“, каде што во силниот налет на надојдените води угинаа повеќе од 100 јагниња и овци.
Покрај огромните загуби во сточниот фонд, поплавите предизвикаа сериозни оштетувања и на земјоделските површини во атарот на селото Муртино.
Локалните земјоделци изразуваат загриженост за своите насади, кои се целосно под вода, додека надлежните институции најавуваат дека дополнително ќе ја утврдат вкупната материјална штета на терен.

