Полицијата чекала на аеродромот и ги уапсила тројцата насилници, велат од МВР за инцидентот кој ја загрозил безбедноста на сите во авионот.
Вчера во авион кој летал од Германија кон скопскиот аеродром се случил сериозен инцидент кога, непосредно пред слетувањето, се степале тројца патници, меѓу кои и една жена, соопшти МВР.
Полицијата чекала на аеродромот и ги уапсила тројцата насилници, велат од МВР за инцидентот кој ја загрозил безбедноста на сите во авионот.
„На 14.01.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, од Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје е пријавено дека околу 16:40 часот во авион кој слетал од Германија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Ф.(49) од Германија и 45-годишната Г.Ф. од Скопје од една страна и Ш.С.(38) од с.Лопате, кумановско, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пишува во полициското соопштение.

