14 February, 2026

Откриено колкава може да биде затворската казна за сопственикот по смртоносната трагедија во Швајцарија

И покрај овие признанија, правните експерти предупредуваат дека максималната казна што обвинетиот би можел да ја добие веројатно нема да надмине 4,5 години затвор.

„Кога ја отклучив, зад неа веќе имаше тела“

Според истражувањето на РТЛ, Морети признал дека сервисната врата на барот во моментот на трагедијата била заклучена одвнатре. Неговото сведочење е морничаво.

Кога пристигнал на местото на несреќата и ја отклучил вратата однадвор, зад неа веќе лежеле изгорени тела, се наведува во извештајот.

Второто признание се однесува на фаталната звучна изолација. Морети потврдил дека лично ги заменил звучните подлоги, користејќи материјали купени во обичен маркет за градежни материјали, наместо професионални и огноотпорни решенија.

Битка за казната: 20 години или 4,5 години?

Овие откритија отвораат сериозна правна дебата околу квалификацијата на делото.

Теза на обвинителството: Доколку се докаже дека обвинетите знаеле дека вратата е заклучена и свесно го прифатиле ризикот, делото може да се преквалификува како „убиство со евентуална умисла“. Во тој случај, казната може да достигне и до 20 години затвор.

Теза на одбраната: Адвокатот Кристијан Ленц смета дека правните пречки за ваква квалификација се превисоки. „Дури и со новите откритија, правно релевантни ќе останат делата ’телесна повреда од небрежност‘ и ’убиство од небрежност‘“, тврди Ленц.

Според него, максималната казна за убиство од небрежност изнесува три години затвор, а поради поголемиот број жртви може да се зголеми за половина.

„Тоа значи дека максималната казна најверојатно ќе остане 4,5 години“, заклучува адвокатот.