Во поткастот кај Стефан Лазаров, Игор Џамбазов изјави дека осудени лица не треба да бидат домаќини на поткасти, туку дека ваквите содржини треба да ги водат професионални водители. Оваа изјава предизвика бурни реакции во јавноста, по што Боки 13 и Ритко влегоа во јавна „војна“ со познатиот македонски шоумен и актер.
Во истото издание на поткастот кај Лазаров гостуваше и актерот Тони Михајловски. По тој повод, Ритко реагираше дека Михајловски во минатото упатувал навреди кон ромската заедница и дека не треба да биде гостин во ваков формат, додека Боки 13 побара од надлежните институции да преземат мерки поради, како што наведе, говор на омраза.

