Полицијата потврди дека работи на расчистување на голема кражба на добиток во скопското село Грушино. Од трлото на сточарот Азем Сулејмани биле однесени дури 82 овци, јавува „Алсат“.
Според Сулејмани, проценетата штета надминува 27.000 евра, а ова не е прв пат неговото стадо да стане мета на крадци — претходно, вели тој, исто така бил ограбен и останал без повеќе грла.
Во најновиот случај, разбојниците наводно биле снимени од безбедносна камера на соседна куќа.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно документирање на настанот.

