14 February, 2026

Непознат сторител дивеел на паркинг: 34 автомобили оштетени за една ноќ во Скопје

Вкупно 34 патнички возила биле оштетени на паркинг простор на булеварот „АСНОМ“ во Скопје, а материјалната штета се проценува на околу 11.000 евра, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР соопштуваат дека пријавата е примена денеска, 28 декември 2025 година, при што е утврдено дека оштетувањата на возилата настанале во периодот од 23:00 часот на 27 декември до 09:00 часот на 28 декември.

„Во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на булеварот ‘АСНОМ’ се оштетени 34 патнички возила, при што е причинета вкупна материјална штета од околу 11.000 евра“, соопштуваат од полицијата.

На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а за случајот е известен и надлежен јавен обвинител. Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на настанот.

Истрагата е во тек, а повеќе информации се очекуваат по нејзиното завршување.