15 February, 2026

Неколку скопски улици утре ќе имаат прекин во водоснабдувањето

Од скопски Водовод информираат дека утре (петок) поради замена на вентил во шахта Ф 2“1/2“ (два и пол цола) на улица Натанаил Кучевишки бб кај градинката 11-ти Октомври, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улиците: Натанаил Кучевишки, Краишка и Хо Ши Мин.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:30 часот до завршување на работните активности.