15 February, 2026

На слобода излегува уште еден осуденик за 27. април

Уште еден осуденик за настаните од 27 април 2017 година доби условен отпуст, откако издржа две третини од изречената затворска казна за упадот во Собранието. Станува збор за Вилијам Михајловски – Вили, кој преку објава на социјалните мрежи информираше дека од 1 јануари е на условна слобода.

Михајловски најави дека постепено ќе се враќа во јавниот и професионалниот живот, при што потенцира дека политиката ја остава зад себе.

Во обраќањето до јавноста, тој истакна дека од 2026 година повторно ќе започне со музичка кариера, со фокус на традиционалната македонска музика и инструменти. Како што наведе, музиката за него претставува „лек за душата“, а неговата мисија ќе биде промоција на македонскиот мелос, културата и јазикот.

Според судските одлуки, условниот отпуст формално започнува на 31 декември 2025 година.