На Стадион Грбавица, Слога Добој славеше со 1:0 против Железничар во првиот натпревар од четвртфиналето на Куп на Босна и Херцеговина. Стрелец на единствениот погодок беше Јовиќ.
За жал, натпреварот го одбележаа и немили сцени на крајот од првото полувреме. По еден старт на Никола Мандиќ над Матеј Цветаноски, македонскиот фудбалер мораше да биде изнесен од теренот со возило на Брза помош.
Од ФК Железничар информираа дека Цветаноски заработил фрактура на двете коски на потколеницата и дека ќе биде подложен на операција.
По натпреварот се огласи и Мандиќ, изразувајќи искрено жалење за случувањето.
– Жал ми е за повредата на Цветаноски што се случи за време на натпреварот. Сè се случи во спортски дуел без лоши намери, но, за жал, со сериозна последица – изјави Мандиќ.

