15 February, 2026

Наместо со нова фризура, тинејџер излегол натепан од берберница во скопско Стајковци

18-годишник вчера пријавил дека во берберница во скопско Стајковци, бил физички нападнат од две лица.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (12.12.2025) во 13:00 часот во СВР Скопје М.Г.(18) пријавил дека на 10.12.2025 околу 12:00 часот во село Стајковци, скопско, во берберница бил физички нападнат од М.М. и Т.М.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.