14 February, 2026

Млад човек заробен во барот во Швајцарија, седнал и се помолил со крст во раката: Огнот го заобиколи

Млад човек, заробен во запалениот скијачки центар во Швајцарија, чудесно преживеал откако седел со крст во рака додека огнот се ширел околу него за време на смртоносниот пожар во кој загинаа 47 лица, а 115 беа повредени, од кои 80 се во критична состојба, според најновите бројки.

Летиција Плас, сведок на трагедијата во Кран Монтана, изјавила дека младиот човек не можел да избега бидејќи пожарот се засилувал, а излезите станале непристапни.

Без излез, тој седел во зградата држејќи го крстот додека огнот продолжувал да гори. Пламенот го опкружувал, но тој останал неповреден, објави „Дејли Меил“.

„Еден од моите пријатели не можеше да излезе, па само седна и го држеше крстот во рака“, рече Летиција и додаде:
„Преживеа, фала му на Бога. Успеа да го скрши прозорецот за да избега, а огнот само го заобиколи. Огнот едноставно не го допре. Само сакам да му се заблагодарам на Бога што го спаси и да ги спаси моите пријатели кои се исчезнати, бидејќи многу ми недостигаат.“

Таа со солзлив глас продолжи:
„Не сакам да изгубам повеќе луѓе, бидејќи веќе загубивме, а сè уште бараме. Бев толку исплашена – за себе, за пријателите, за сите внатре. Имам пријатели во болницата, имам пријатели насекаде.“

Пожарот, кој зафатил затворениот подрумски простор за само неколку минути, одзел десетици животи додека паничните посетители очајно се обидувале да стигнат до излезот.

Сведоците тврдат дека пожарот наводно бил предизвикан од келнерка која држела шише со распрскувач, кое го запалило материјалот на таванот. Пламенот брзо се проширил додека гостите панично се обидувале да избегаат.