Лука и Калин, млади учесници во квизот „Листа за 300“ на Сител ТВ, останаа без заработка откако одбија да го употребат терминот „Северна“ пред Македонија.
Во делот од играта каде требаше да набројат држави со буквата „С“, двајцата одговорија со повеќе имиња, но не го споменаа официјалното име – Северна Македонија, што веројатно се очекуваше како клучен одговор за освојување на следната сума.
Сцената веднаш предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.
„Браво, вака се сака и брани Македонија“, напиша еден корисник, додека други дебатираа дали потегот бил патриотски или непотребен ризик во квиз со јасно поставени правила.

