15 February, 2026

Млада девојка од Скопје прегазена од пијан таксист

Вчера во скопската населба Кисела Вода се случила тешка сообраќајна несреќа, во која такси-возило удрило млада девојка на тротоар.

Според сведочења на очевидци, таксистот наводно бил во видно алкохолизирана состојба. По ударот, возачот не застанал, туку продолжил да вози и удрил во паркирано комбе пред пиљарата „Шампионче“, по што застанал пред градинката „Весели Цветови – Мимоза“, со сериозно оштетено возило.

Повредената девојка веднаш била пренесена во болница со помош на присутни граѓани и екипа на Итната медицинска помош.

Таксистот е задржан, а на местото на настанот полицијата извршила увид. Дополнителни информации за здравствената состојба на девојката и за околностите на несреќата се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.