15 February, 2026

МАКЕДОНЕЦ ИСЧЕЗНАТ ВО ПОЖАРОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Семејството бара помош за наоѓање на младиот Стивен

Семејството и пријателите упатуваат итен апел до јавноста за помош по исчезнувањето на младиот Стивен Ивановски во Швајцарија. Стивен последен пат бил виден за време на пожарот што избувна на 31 декември во барот „Ле Констелејшн“ (La Constellation) во познатиот зимски туристички центар Кран-Монтана.

Според информациите што неговите блиски ги споделија на социјалните мрежи, во кобната ноќ Стивен бил облечен во бели панталони и бел дуксер, како што се гледа на фотографиите. Можно е кај себе да ги имал и препознатливите очила за сонце кои ги носи на сликите.

Семејството апелира до сите кои можеби го забележале Стивен, или имаат каква било информација дали бил примен во некоја од болниците во Женева или Цирих, итно да се јават на следните телефонски броеви:

076 415 0868
076 385 7165
078 229 5745

„Братучед ми е исчезнат во пожар вчера во Швајцарија. Доколку некој го има видено, ве молиме да нè контактира“, стои во апелот објавен на македонски јазик.