1 December, 2025

Крадец „оперира“ во црква во Катланово, сите икони ги провери дали има пари

Дрзок крадец минатата недела ја ограбил црквата „Свети Никола“ во Катланово кај Скопје, а црковната камера ја снимила целата негова „операција“, објави Слободен печат.

На снимката се гледа како крадецот влегува во црквата сам и внимателно ги рагледува иконите барајќи пари.

Ги поминува сите, „послужувајќи“ се со парите што луѓето ги оставале за здравје, по што мирно излегува од црквата.