Семејството и полицијата упатуваат итен апел до јавноста за помош во пронаоѓањето на Роберт Дрвошанов (39) од Струмица, на кого му се губи секаква трага. Загриженоста е уште поголема бидејќи ова е вторпат годинава тој да биде пријавен за исчезнат.
Според информациите од семејството, во моментот на исчезнувањето Роберт бил облечен во целосно црна облека.
Ова не е прв ваков случај. Дрвошанов беше пријавен за исчезнат и во август годинава, но тогаш потрагата заврши успешно и тој беше пронајден жив и здрав.
Се замолуваат сите граѓани кои го забележале Роберт или имаат каква било информација за неговото движење, веднаш да пријават.
Контакт телефони:
- 077 863 950 (Љубинка)
- 077 619 822 (Марјан)
Или во најблиската полициска станица, односно СВР Струмица.
Споделете ја информацијата за да помогнеме Роберт што побрзо да биде пронајден.

