1 December, 2025

Исчезна Велешанка, семејството бара помош од граѓаните

Педесет годишната М.М пријавена е за исчезната во Полициска станица на Сектор за внатрешни работи Велес. Нејзината четири години помлада сестра А.М, вчера, четврток, 13 ноември, во 14:45 часот пријавила дека М.М која има здравствени проблеми се оддалечила од дома и не се вратила.

-Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.

Семејството, во неколку затворени групи на Фејзбук, сподели информација и објави фотографија на исчезнатата велешанка Милица. Според овие информации Милица ја нема од среда, 12 ноември, од попладневните часови. Се молат граѓаните коишто ја имаат видено или ќе ја видат да се јават и пренест на семејството информации на мобилен телефонски број 075 461 703.

Апел за потребна помош од граѓаните сподели и претседателката Далиборка Златева на Здружението за лица со церебрална парализа и други попречености, каде Милица била член и редовен посетител на настани. Таа последен пат активно учествувала на работилница во просториите на оваа граѓанската организација претпладнето, во среда на 12 ноември, годинава.

Доколку ја забележите Милица веднаш контактирајте го незиното семејство на мобилен телефонски број 075 461 703!