15 February, 2026

Исчезната е 72-годишната Лилјана Блашкоска од Прилеп, забележана е како се прекачува во комбе кон Радовиш

72-годишната Лилјана Блашкоска од Прилеп, за која беше пријавено дека е исчезната, е забележана како се прекачува во комбе на транспортната компанија „Струмица експрес“ што сообраќа на релација Велес – Радовиш. Информацијата ја објави нејзината ќерка на социјалните мрежи.

Според пријавата, Блашкоска синоќа околу 9 часот излегла од својот дом во Прилеп, без да се јави или да најави каде се упатува. Таа најпрво со автобус отпатувала до Велес, каде што подоцна била видена како се качува во друго возило.

Лилјана е висока околу 160 сантиметри и има приближно 70 килограми.

Семејството апелира до сите граѓани кои можеби ја забележале да ја контактираат нејзината ќерка Весна на телефонскиот број 077/540-068.