14 February, 2026

Искрена исповед на Игор Џамбазов: Болна тема е што немам деца

Игор Џамбазов во подкастот „Претрес со Ландов“ искрено проговори за повеќе лични и чувствителни теми.

Откако беше запрашан за фактот дека нема наследници, Џамбазов откри дека станува збор за болна тема за него, нагласувајќи дека особено тешко му паѓа сознанието што ни неговата сестра Тања нема деца.

„Болна тема, се разбира дека е болна, особено кога знам дека проблемот не е во мене. Имав голема желба да имам деца, мислев дека ќе имам најмалку две. Знаеш ли што е уште поголема трагедија? Тоа што и сестра ми нема деца. Таа пред некој ден наполни 60 години. Можеби тоа е една од причините поради кои, како што се приближувам кон својот крај, сè повеќе сакам да работам и да оставам нешто зад себе. Кога веќе не оставам наследник – хомосапиенс, тогаш барем да оставам наследство, нешто што ќе трае и ќе остане“, вели Џамбазов.