15 February, 2026

Рано утрово, жителите на Охрид и околината почувствуваа слаб земјотрес.

Според првичните сеизмолошки податоци, земјотресот бил регистриран во 03:18 часот, со епицентар во близина на селото Велестово, на падините на планината Галичица, на длабочина од околу 15 километри.

Јачината на потресот изнесувала 2,2 степени според Рихтеровата скала.

Поради слабиот интензитет, земјотресот бил почувствуван од мал дел од населението во охридскиот регион, најчесто од жителите на повисоките катови.