1 December, 2025

„За тие пари ќе си одиме на море“: Кампот „Љубаништа“ ги објави цените за ова лето

Во Фејсбук групата „Камп Љубаништа“ беше споделена објава со новите цени за претстојното лето 2026 година. Оние кои што преферираат ваков тип на одмори, веднаш изреагираа дека цените се превисоки за домашните услови.

Според ценовникот, за наем на бунгалов за четири до шест лица со големина од 48 метри квадратни, за еден ден во периодот од средината на јули до средината на септември (11.07- 10.09.2026) изнесува 8.600 денари. Истиот бунгалов, за 2 дена чини 7.300 а за три и повеќе денови 6.700.

Објавата предизвика низа коментари на револтирани граѓани кои истакнаа дека цената е нереална и дека за тие пари ќе си одат на море.

Љубаништа е село сместено на источниот брег на Охридското Езеро, јужно од градот Охрид во близина на манастирот Св. Наум.