15 February, 2026

Застанувања на секои 15 метри, доцнење, зголемена потрошувачка на гориво: Скопјани бараат Зелен Бран

Скопјани на социјалните мрежи го коментираат функционирањето на системот СЕЈФСИТИ за контрола на брзината, посочувајќи дека без воведување на Зелен Бран, сообраќајот станува хаотичен.

„Со СЕЈФСИТИ без Зелен Бран, патувањето стана кошмар – застанувања на секои 15 метри, доцнење, зголемена потрошувачка на гориво и максимално загадување на градот,“ пишува еден корисник на Facebook.

Тој додава дека Зелен Бран е клучот за побрз, поефикасен и помалку загаден сообраќај, со правилно одбележани патишта и семафори, кои ќе овозможат континуирано движење на возилата и намалување на загубата на време и гориво.

„Доста е веќе со „прва-втора-прва-втора“ на секои 15 метри! Со Зелен Бран, патувањето ќе биде поудобно за сите и воздухот ќе биде почист,“ заклучува корисникот.