1 December, 2025

Жители на Аеродром до Општината: Оставете педалинка пред градинката да можеме да си ги земеме децата

Се молат од Општина по една педалинка да остават пред влезот, за да можеме да си ги земеме децата од градинка. Вака реагираат родители кои се принудени секојдневно да ги носат децата во градинката „Црвенката“ во Стар Аеродром, газејќи низ кал и езерца со вода во деновите кога врне, затоа што до објектот нема уреден приод.

Тие постојано на социјалните мрежи објавуваат фотографии од пред влезот на градинката и ги повикуваат Општина Аеродром и градоначалникот Дејан Митески да го решат овој проблем и не можат да сфатат зошто и покрај толку реакции на граѓаните состојбата останува иста.

  • Жално и после толку реакции за влезот во градинката никој ништо да не презема, нели децата се нашата иднина, нели се правиме за нашите најмали и најмили. Крајно време е градоначалникот да го реши овој проблем, реагира еден од граѓаните.