Едночасовно доцнење, разочарани посетители и низа негативни реакции ја одбележаа вечерта на концертот на Владо Георгиев, што се одржа на 6 декември во Белградската Арена. Иако концертот официјално беше најавен за 21:00 часот, почетокот бил значително поместен, а во меѓувреме публиката ја забавувал неговиот долгогодишен пријател, Игор Лазиќ – Нигор, пренесува српски „Информер“.
Посетители преку Инстаграм објавуваа снимки и коментари, укажувајќи дека во салата имало забележливо празни места, како и дека чекале повеќе од еден час без никакво објаснување. Некои дури истакнале дека морале порано да заминат, па не го проследиле целиот концерт.
По лавината реакции, се огласи и Здружението на потрошувачи „Ефектива“, кое потсети дека присутните имаат право да побараат делумно враќање на средствата. Од таму велат дека задоцнувањето било значително, па купувачите на билети можат официјално да бараат намалување на цената од продавачот.
Коментарите на социјалните мрежи продолжија и по концертот – од саркастични до остро критички, при што дел од фановите потсетија дека вакви ситуации се случувале и претходно. И покрај тоа, Георгиев има закажан нов настап на 13 декември, а дел од јавноста се прашува дали следниот концерт ќе помине без вакви пропусти.

