5 March, 2026

Евроамбасадорот Рокас покажа столб што стои накриво во центарот на Скопје: ѝ пркоси на гравитацијата

Евроамбасадорот во Македонија,Михалис Рокас, на социјалната мрежа X објави две фотографии од центарот на Скопје, во близина на Министерството за финансии, каде што вчера поминал пеш.

На фотографиите се гледа столб од улична светилка кој е силно накривен, а Рокас напиша дека изгледа како да „ѝ пркоси на гравитацијата“.

„Поминувам во Скопје кај Министерството за финансии. Столб за светилка што ѝ пркоси на гравитацијата. Многу работа за општинските власти“, напиша евроамбасадорот во својата објава.

Со ова тој индиректно посочи дека општинските служби имаат работа околу одржувањето на инфраструктурата во центарот на градот.