14 February, 2026

Еве каква порака ќе ви стигне од МВР доколку возите со брзина над дозволената, но со законска толеранција

Министерството за внатрешни работи воведе нов начин на комуникација со возачите со цел да се подигне свеста за безбедноста во сообраќајот.

Доколку вашето возило биде снимено како се движи со брзина малку над дозволената но сепак во рамките на законската толеранција на вашиот мобилен телефон може да добиете информативна порака од MVR-INFO.

Според примерот кој се појави во јавноста пораката содржи прецизни податоци како датумот и времето кога е евидентирано прекршувањето на пример 04.02.2026 во 19:51 часот податоци за возилото односно регистарската табличка со која е управувано како и измерената брзина на движење на пример 56 km/h наспроти дозволените 50 km/h. Клучниот дел од известувањето е појаснувањето дека не е изречена казна при што МВР потенцира дека брзината е во рамките на законската толеранција и дека пораката има исклучиво превентивен карактер.